Еурофарм Пелистер без тренерот Бабиќ против Магдебург

фото: еурофарм пелистер

РК Еурофарм Пелистер денеска ја известува јавноста дека при последното тестирање на ковид-19, неопходно за патувањето на екипата во Магдебург, тренерот на екипата Жељко Бабиќ е позитивен на ПЦР тестот.

Се работи за асимптоматски случај и Бабиќ веќе е во карантин. Наместо него екипата во Магдебург ќе ја водат неговите помошници Божидар Мојсов и Ице Соколески.

Реванш осминафиналниот меч во ЕХФ Европската лига ќе се игра во вторник (30 март) со почеток од 18.45 часот, а потсетување дека на првиот дуел во салата „Боро Чурлевски“ триумфираше германската екипа со 24:32 и е поблиску до пласман во следната фаза.

Исто така хрватскиот стратег на битолската екипа ќе ги пропушти и натпреварите против Младост Богданци (Куп на Македонија) и Татран Прешов (СЕХА лига).

Клубот му посакува на Бабиќ брзо оздравување и враќање на работното место. Исто така известени се претставниците на Вардар 1961, со кои Еурофарм Пелистер играше натпреварот од плеј-офот на Суперлигата во саботата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот