Моќен Вардар, убедлив триумф на „црвено-црните“ во дербито против Е. Пелистер

фото. РК Вардар/Денис Дуковски

Ракометарите на Вардар убедливо го добија првиот дуел со Е. Пелистер кој може да се покаже како клучен во борбата за титулата во домашниот шампионат. Вардарци со 35:27 го совладаа Е. Пелистер, а притоа демонстрираа одлична игра и во одбраната и во нападот.

фото. РК Вардар/Денис Дуковски

Првиот удар Вардар го зададе на почетокот кога по 3:3 направи серија од 3:0 за водство, а битолчани успеаја да ја вратат неизвесноста неколку минути подоцна и дојдоа до минус еден (8:7), но тоа беше последен пат да има резултатска неизвесност.
„Црвено-црните“ возвратија со нова серија од 5:0 и водство од 13:7 и стекната предност рутински ја одржуваше до крајот на полувремето (17:12).

фото. РК Вардар/Денис Дуковски

Во второто полувреме, идетична слика на теренот во салата во СЦ „Јане Сандански“, вардарци сурово ги казнуваа грешките на гостите од Битола и на средина од вториот дел дојде и до двоцифрена предност (27:17) со што единствена непозната до крајот остана само разликата со која ќе слават. На крајот, Вардар победи со 35:27 и направи голем исчекор кон освојување на нова, 14. шампионска титула, додека Е. Пелистер на „реваншот“ во Битола кој ќе се игра во мај, ќе мора да оствари поголема победа доколку сака да дојде до осмата титула. Анте Гаџа и Кристијан Дисингер со по седум гола беа најефикасни кај Вардар каде Борко Ристовски имаше девет одбрани, додека кај Е. Пелистер се истакна Стипе Мандалиниќ со девет постигнати голови.

Иван Марковски со победа стартуваше на клупата на Металург. Неговите ракометари со 36:23 го совладаа вториот тим на Е. Пелистер, додека Охрид како гостин со 28:26 го победи Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот