ЕП 2021 сепак ќе се игра во 12 градови

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MEO

Европското првенство кое требаше да се игра ова лето, е одложено за наредната година поради пандемијата на коронавирусот, останува според првичниот план да се игра во 12 градови.

ЕП ќе се игра од 11 јуни до 11 јули 2021 година во 12. претходно одредени градови, кои пред состанокот на Извршниот комитет дадоа гаранции дека ќе бидат домаќини наредната година.

ЕП треба да биде отворено на 11. јуни на стадионот „Олимпико“ во Рим, а финалето е предвидено да се игра еден месец подоцна на „Вембли“ во Лондон.

Останатите градови домаќини на ЕП се Билбао, Букурешт, Будимпешта, Амстердам, Минхен, Даблин, Баку, Санкт Петербург, Копенхаген и Глазгов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот