Емина Јаховиќ се бори со коронавирусот: Ова не е вирус, ова е отров!

Instagram
Instagram

Пејачката Емина Јаховиќ веќе извесно време се бори против коронавирусот. Емина сега им се обрати на своите следбеници на Инстаграм, предупредувајќи колку е опасен коронавирусот.

„Никогаш не размислував за тоа колку се важни сетилата за мирис и вкус. И колку сме среќни само затоа што сме здрави. Не мислам дека ова не е вирус, туку отров. Ова е целосно лудило. Болеста не е воопшто лесна, затоа ве молам сфатете ја сериозно колку што можете повеќе“, наведе пејачката во своето обраќање, додавајќи:

„Мислам дека секој што има коронавирус или го прележал овој вирус точно знае за што зборувам. Луѓе, само останете здрави. За „Денот на вљубените“, само посакувам да можам да почувствувам мирисот и вкусот на кафе или прекрасниот мирис на цвеќето“, рекла Емина Јаховиќ.

Да потсетиме, пејачката доби коронавирус, според изворот, кога нејзиниот син Јаман бил на скијање, каде што се заразил, а штом се вратил дома, тој го пренел вирусот и на неговата мајка. Поради тоа, Емина беше принудена да ги откаже сите обврски во Истанбул и следните неколку дена да ги помине во карантин во семејната куќа. Но, за среќа има поблаги симптоми.

– Емина, сепак, одлучи да продолжи да работи и одржува голем број состаноци онлајн. Нема тешки симптоми, туку станнува збор за блага температура која успешно ја држи под контрола. Ја посетија лекари кои ѝ препишаа терапија, а нејзините синови засега се чувствуваат добро и немаат посериозни симптоми. Јаман го донесе вирусот од скијање, но за среќа, сè поминува како што треба – открива извор близок на пејачката за „Блиц“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот