Експлозија од бои во режија на Џеј Ло: Латино дивата главна атракција на улиците во Њујорк! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Латино дивата се прошета во ефектно парче облека и никого не остави рамнодушен…

Џенифер Лопез (51) е сликана на улиците во Њујорк во ефектен стајлинг, со кој го привлече вниманието на бројни случајни минувачи.

Латино дивата која инаку е позната како голем љубител на блескавите модни парчиња, овој пат облече лелеав макси фустан со јакничка во бајкерски стил.

Фото: Профимедиа

Овој аутфит неодоливо потсетува на модните парчиња со потписот на италијанската модна куќа „Versace“.

Џеј Ло стајлингот го зачини со тиркизна торбичка со ефекти од крокодилска кожа, сламен шешир со потпис на брендот „Zimerman” и неизбежната заштитна маска, овој пат во црна боја.

Фото: Профимедиа

Од обувки овој пат таа избра високи потпетици со боја на кожа и провидни ременчиња.

Уникатно, зарем не?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот