Една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија бега од стан во стан бидејќи нема пари да плати кирија

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Една од најголемите поп ѕвезди во поранешна Југославија, пејачката Беби Дол, со вистинско име Драгана Шариќ, често има проблеми со станоиздавачите во чии станови живее како кираџија.

„Не ме прашувајте за неа, ве молам! Секако дека ја познавам. Ѝ изнајмив стан. Немав добро искуство со неа како кираџија”, рекол еден од станоиздавачите кој и го изнајмил станот на пејачката, пишува српски Курир.

„Не ми плаќаше кирија со месеци, имав големи проблеми со неа. На крајот морав да ја избркам од станот. Таа е измамник“, додал тој.

Во 2019 година беше објавено дека Беби Дол побегнала од станот бидејќи не можела да ја плати киријата .

„Не му плати четири месеци на човекот кој и го издаде станот, а тој само еднаш и се јави и ја праша што се случува. Таа му рече дека очекува некои пари и го замоли да биде трпелив месец, месец и половина, па дека наеднаш ќе му исплати за сите месеци. Измина тој рок, таа повеќе не се јави. Мажот се обиде да ја добие на телефон, но Беби го исклучила мобилниот“, рекол тогаш еден од изворите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebi Dol (@__bebidol_)

Бидејќи не му се јавила, сопственикот, како што тврди изворот, дошол во станот и го нашол празен.

Пејачката за Курир одамна изјави и дека живее со седум мачки и дека еднаш била запрена од полицијата бидејќи во чантата носела секира.

„Два месеци одев со секира по шоуто„Фарма“, ја носев во голема торба. Полицаец ме запре на преминот кај Собранието и љубезно ме замоли да ја сокријам во чантата. Ме разбра. Денешните реалните шоуа се малку различни“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebi Dol (@__bebidol_)

„Здравјето и мирот се најважните работи. Само сакам да имам мирен и убав живот без тензии и проблеми. Никому не му посакувам зло. А кога се работи за пари, тие доаѓаат и си одат. Порано имав многу, но мене ми е потребно малку и додека сум здрава, фала му на Бога секогаш ќе заработувам некој денар за основни работи“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот