Е. Пелистер го брани трофејот, познати групите на 49 струшки ракометен турнир
Официјално на 49 меѓународен ракометен турнир Струга 2021, кој ќе се одржи на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“ во Струга, вкупно ќе земат учество шест екипи.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Годинава нема да учествуваат клубови од странство, овој турнир ќе послужи како добра подготовка за македонските екипи пред новата сезона.
Турнирот ќе се одржи во периодот од 12-15 август, формирани се две групи, во групата „1“ се наоѓаат Струга, Бутел и Вардар 1961, додека во групата „2“ се Тиквеш, Металург и Е. Пелистер.
На првиот ден, 12 август, од 18.30 часот Струга ќе игра против Вардар 1961, од 20.00 часот е свеченото отворање, а од 21.00 часот Тиквеш се соочува со Металург.
Во ланското 48 издание првото место го освои Е. Пелистер, пред Вардар 1861 и Металург.
На вториот ден, 13 август, Бутел од 19.00 часот за ривал ја има Струга, а од 21.00 часот Е. Пелистер ќе игра со Металург.
На третиот ден, 14 август“, Тиквеш-Е. Пелистер и од 21.00 часот Вардар 1961-Бутел. На последниот ден, 15 август, се мечевите за пласман.
Од 17.15 часот ќе биде натпреварот за петтото место, од 19.15 часот дуелот за третото место и за трофејот од 21.15 часот.


