Џони Деп сведочеше против поранешната сопруга: Мојата цел е вистината

џони деп
Поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE

Холивудскиот актер Џони Деп во вторникот се обрати пред судот во Вирџинија за случајот во кој ја обвинува неговата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета, која претходно го обвини актерот за семејно злоставување, пренесуваат странските медиуми.

амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/JIM WATSON /

Во своето тричасовно сведочење, кое ќе продолжи и денес, ѕвездата зборуваше за нејзините обвинувања и нејзината историја на злоупотреба на дрога.

„Мојата цел е вистината“, рече Деп на почетокот на своето сведочење.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/JIM WATSON

Тој ја тужи својата поранешна сопруга и бара 50 милиони долари поради написот објавен во „Вашингтон пост“ во 2018 година во кој таа прозборе за семејното злоставување. Деп не беше спомнат по име во ова дело, но претходните настани укажаа за кој станува збор.

Деп тврди дека текстот на Херд му нанел финансиски загуби, вклучително и откажување на идни проекти како продолженијата на „Пиратите од Карибите“ по цели 15 години.

„Еден ден си Пепелашка така да се каже, а потоа за нула и шест секунди си Квазимодо“, рече Деп за тоа како се свртела неговата кариера откако беше обвинет за злоставување. „Јас не го заслужив тоа, ниту моите деца, ниту луѓето кои веруваа во мене сите овие години“, рече Деп.

Во своето сведочење Деп призна дека тој и Херд се расправале за време на врската.

„Никогаш не стигнав до точка да ја удрам госпоѓа Херд на кој било начин, ниту пак сум удрил некоја жена во својот живот“, истакна тој.

џони деп
Џони Деп / Фото: EPA-EFE/JIM WATSON

Актерот исто така го опиша турбулентниот однос на неговите родители и вербалното и физичкото малтретирање што тој и неговите браќа и сестри го доживеале од нивната мајка. Тој изјави дека неговото прво искуство со земање контролирани супстанци се случило кога имал приближно 11 години и дека ги земал таблетите на мајка му со рецепт „за да избега од хаотичната природа на она што тие го живееле“.

Судењето започна минатата недела, а ова беше прва можност за Деп да проговори за случајот пред судот и јавноста.

амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/JIM WATSON

Повеќе написи на темата:

 

ФОТО+ВИДЕО | Мачни детали од судницата: Отсечениот прст на Џони Деп го пронашле на подот, лицето му било со модринки

 

Судот застана на страната на актерот: Џони Деп побара доказ дека Амбер Херд ги донирала седумте милиони долари од разводот

 

ВИДЕО | Шокантно сведочење на сестрата на Џони Деп: Наместо да избира ковчег за мама, тој се караше со Амбер

 

Пријател на Деп се расплака на суд: Многу луѓе се погодени од оваа злонамерна лага

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот