Државата принудно презема две приватни клиники од Солун за пациенти со Ковид-19

epa08757234 Greek Prime Minisrer Kyriakos Mitsotakis (L) talks with a member of the medical team during the inauguration ceremony for 50 additional ICU beds at Sotiria hospital in Athens, Greece, 19 October 2020. Greek PM Mitsotakis said on 19 October 2020 that the next months will be crucial and that the government was very well aware that the health system will come under great pressure if the not enough care is taken. EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Поради лошата епидемиолошка слика во Солун и исполнетите државни болници, Министерството за здравство на Грција, принудно презема две приватни клиники и ги става комплетно во функција на државата, врз основа на соодветниот закон изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Солунските приватни болници, комплетно, заедно со персоналот, по наредба на државата во следните 15 дена ќе бидат на располагање на националниот здравствен систем.

Одлуката и наредбата доаѓаат откако не беше постигнат взаемно прифатлив договор меѓу Министерството и Здружението на приватни клиники.

Министерството за здравство на Грција вчера, преку итен допис, го повика Здружението, од нивните членови најдоцна до 21 часот синоќа, да побара да одредат и отстапат 200 кревети за лечење на пациенти со Ковид-19 во регионалната единица Солун.

Одговорот од Здружението на приватни клиники беше негативен, по што следеше и одлуката на Министерството за здравство за реквизиција на двете приватни болници.

Согласно одлуката објавена во Службен весник на Грција, во следните 15 дена, со двете приватни клиники ќе управува раководителот на државните болници од конкретниот здравствен регион.

Паралелно управата на двете приватни клиники е лишена од било какво право на управување или правно застапување.

Дополнително, министрите за здравство и финансии на Грција ќе го одредат начинот на кој ќе бидат компензирани приватните клиники.

Вчера, во Грција беа регистрирани 3.227 нови случаи на Ковид-19, од кои 774 новозаразени се во Солун.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот