Домашен сок преполн витамини и антиоксиданси: Исцедете калинка за 10 секунди без соковник и неред! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Калинката е моќен антиоксиданс и пријател на силниот имунитет, а поради својата свежина е одличен додаток и во солените јадења…

Според мислењето на експертите сокот од калинка се наоѓа на самиот врв од листата со најздрави овошни сокови поради разновидните антиосиданси кои ги содржи, а штити и од бројни болести, како рак на простатата.

Доколку се чисти лесно како мандарините, калинката сигурно би била почесто во чиниите и чашите, но за среќа постојат трикови кои ќе ви помогнат да ја олесните подготовката. За свеж сок од калинка не ви треба соковник, од алатки ви е доволен само нож со кој ќе ја пресечете калинката.

Употребете некој од триковите кои досега сте ги погледнале за лесно чистење на зрнцата од калинката и откако ќе ги одвоите, ставете ги во кесичка која добро се затвара и притискајте ги со рацете или сукало се додека да добиете сок. Потоа внимателно отворете ја кесичката и претурете го сокот.

Како да го направите тоа, погледнете во следното видео…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот