Додека трае пандемијата со коронавирусот – Секој ден пијте лимонада и јадете храна во која има цинк

Фото: Профимедиа

Свежо подготвениот сок од цеден лимон, изобилува со поголеми количества витамин Ц, а токму тој витамин успешно се бори против сите видови вируси, па дури и со оној на коронавирусот. Недостатокот на цинк во телото, пак, може да предизвика низа физиолошки проблеми и промени во телото.

Доколку ги имате сите познати симптоми на коронавирусот, или едноставно ве боли грлото поради одредена алергија или сте настинале, советот на нутриционистите  е во телото колку што можете повеќе да внесувате течности. Поголемиот внес на течности ќе спречи дехидрирање на телото, бидејќи доколку се случи таква состојба, таа може да биде причина за појава на дополнителни посериозни заболувања па дури и да остави трајни последици по здравјето.

Затоа и се препорачува постојано да потпивнувате течности, без разлика дали се чувствувате здраво или сте болни, но и во текот на целата година, а не само во лето кога температурите се високи.

За да го задоволите чувството на жед, најмногу пијте вода, но и млак чај (никогаш ладен), кафе, лимонада, сируп…

Зошто лимонада?

Фото: Профимедиа

Свежата лимонада, изобилува со поголеми количества витамин Ц, а токму тој витамин успешно се бори против сите видови вируси, па дури и со оној на коронавирусот.

Затоа лекарите и нутриционистите препорачуваат во текот на целиот ден да си потпивнувате лимонада и тоа по можност направена од органски одгледани лимони, но без додаток на шеќер. Ако не можете да пиете ваков вид лимонада, како засладувач можете да додадете неколку лажици мед.

Исто така важно е лимонадата никогаш да не ја чувате во фрижидер туку исклучиво на собна температура.  Доколку сте премногу пребирливи и имате истенчен вкус, во лимонадата можете да додадете и малку цимет. Оваа состојка не само што е здрава, туку и ќе ви го смени комплетно вкусот и мирисот на напитокот, па воопшто нема да чувствувате дека пиете лимонада богата со витамин Ц.

Зошто цинк?

Недостатокот на цинк во телото може да предизвика низа физиолошки проблеми и промени во телото. Според податоците добиени од некои истражувања, се покажало дека земањето цинк во исхраната може да ја намали смртноста кај децата што имаат акутна инфекција на респираторниот систем и тоа дури за 60 отсто.

Храната богата со цинк помага во одржувањето на здравјето на мозокот и генерално на здравјето на целиот нервен систем. Овој минерал е многу важен за создавање инсулински резерви и ја поттикнува неговата функција.

Но, за жал, за разлика од некои материи, човечкото тело не е во состојба да го складира цинкот, што би значело дека секој човек, на дневна основа, преку храната или одредени додатоци задолжително треба да го внесува. Човечкиот организам содржи околу 2 до 3 грама цинк. Препорачаната дневна доза за жени е 8 милиграма дневно, кај трудниците тој број се зголемува на 11 милиграми, а кај доилките на 12 милиграми на дневно ниво. Внесот на цинк за време на бременоста позитивно влијае врз здравиот развој на мозокот на бебето.

Храна богата со цинк

Црвено месо

Фото: Профимедиа

Црвеното месо, независно од тоа дали станува збор за телешко, јагнешко или свинско, е богат извор на железо, цинк, фосфор, како и на витамини од Б-групата. Црвеното месо ако редовно се јаде, има огромно влијание врз балансот на исхраната поради својата висока нутритивна вредност.

Ако имате проблем со нивото на хемоглобин во крвта, лекарите препорачуваат внес на ваков вид месо, но никако повеќе од еднаш дневно.

Црно чоколадо

Доколку сакате десерти, секогаш одлучете се да посегнете по црно чоколадо, во чиј состав има околу 70 отсто какао. Ова чоколадо можеби и не е толку вкусно, но секако е здрава алтернатива за сите што внимаваат на исхраната. Црното чоколадо не само што ќе ја задоволи потребата од шеќер во организмот, туку и ќе го обезбедува потребното количество цинк и железо, и тоа со јадење само еден ред во период од 24 часа.

Јаткасти плодови и семиња

Фото: Профимедиа

Едни од најздравите плодови што ни ги дала природата се токму јаткастите плодови и семињата.

Во составот на овој вид храна се концентрирани поголеми количества цинк, железо, аминокиселини и здрави масти. Во семките се содржани протеини, железо, фосфор и претставуваат одличен извор за грицкање за сите вегетаријанци.

Жолчки од јајца

Жолчката од јајцето исто така е добар извор на цинк. Во составот на жолчката освен цинк, има и витамини А, Е, Д и К, како и дополнителни количини минерали. Колку за илустрација, во едно јајце се содржани околу 2 милиграми цинк.

Грашок

Фото: Профимедиа

Грашокот е мешункаст зеленчук, кој изобилува со цинк,  јаглеродни хидрати, растителни влакна, глукуронска киселина, фруктоза и гликоза. Освен протеини, грашокот содржи и масти и лецитин, материи важни за нервниот систем.

Грашокот е одличен извор на витамините Ц и Е, а ги содржи и витамините Б1, Б2 и БЗ, кои учествуваат во метаболизмот на јаглеродните хидрати, на протеините и на мастите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот