„Додека смртта не не раздели“: Џенифер Лопез и Арми Хамер ги здружија силите во нова акциона комедија

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Ова е храбар избор, бидејќи, поради својата неограничена енергија, и Џеј Ло и Арми доминираат во секое остварување во кое ќе се појават…

Џенифер Лопез ќе се здружи со Арми Хамер во новата акциона комедија „Shotgun Wedding” на студиото „Lionsgate“.

Ова е храбат избор, бидејки, поради својата неограничена енергија, и Џеј Ло и Арми доминираат во секое остварување во кое ќе се појават.

Акционата комедија се состои од Дарси (Лопез) и Том (Хамер) кои ги спојуваат своите симпатични но алчни семејства, за венчавка на ултимативна дестинација, на која парот, пред самата церемонија, започнува да се преиспитува. Покрај тоа, животот на сите присутни одеднаш се доведува во ризик бидејќи стануваат заложници на крими банда.

Познатата „Додека смртта не не раздели“ добива целосно ново значење во оваа возбудлива авантура, а Дарси и Том мораат да ги спасат своите сакани, доколку прво не се убијат еден со друг.

Интересно е дека, покрај Џорџ Џуи, и Рајан Рејнолдс е извршен продуцент на ова остварување, а тоа ни ветува прекрасна забава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот