Димковски: Храна ќе има, субвенции ќе се исплаќаат – Вишокот јагниња ќе ги откупува државата

Она што можеби на прв поглед изгледа маргинално е прилично драматично -предупредувањата дека постои ризик за недостиг од храна во светот. ФАО, СЗО, СТО предупредуваат на можно намалување во размената и извозот.

Каде се наоѓа македонскиот аграр во овие состојби?

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој изјави дека првиот бран кој започна со затворање на границите беше најголем удар и за трговијата и снабдувањето, но сето тоа сега и при вакви услови функционира нормално.

-Во првиот бран зелените пазари беа затворени. Од вчера постепено почнаа да се отвараат, со тоа што од Кризните штабови имаат насока да внимаваат при комуникацијата и да имаат соодветна заштита. Битно е за нас да функционираат зелените пазари, бидејќи токму земјоделците тука можат да понудат производи, рече Димковски.

Околу јагнето, како наш стратешки извозен артикл на нашата аграрна индустрија, министерот Димковски вели дека не се очекува да се достигне бројката од минатите години при извозот, бидејќи една од стратешките извозни точки се земји како Италија, Грција. Планирани се мерки со одгледувачите на овци и денеска очекуваме од страна на Влада и да се официјализира – а тоа е интервентна помош на сточарите за оставање на женско јагне со што би се помогнало во оваа ситуација.

-Во договор со одгледувачите на овци би оделе со откуп и субвенционирање на реалната цена, истакна Димковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот