Џокер во филмот ги украл движењата од Чендлер од „Пријатели“? Фановите велат дека украл сè! (ФОТО)

Милиони луѓе во светот полудеа по Џокер и Хоакин Феникс, а сцената во која тој игра на скалилата во Бронкс стана иконска. Џокер многу му се допаднал, изгледа, и на Метју Пери, кој шегата на сметка на филмот ја сподели на својот Твитер.

Чендлер од „Пријатели“ објави меме на кое изгледа дека Џокер за највпечатливата сцена во филмот ги ископирал неговите движења од кујната.

Мемето од напознатиот автор Метју Пери го објави на својот Твитер со кратко „Нема на што“.

По објавата на славниот актер започна зезањето на Твитер и мемињата на кои Џокер и во останатите движења во филмот го копира Чендлер.

„Сè украл од тебе“, се шегуваат фановите за двата лика. Џокер изгледа и пуши како Чендлер, се шминка како Чендлер, се фрла на такси како Чендлер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот