Џенифер Греј се разведува по 19 години брак: Парот живее одвоено уште од јануари

Веста ја објавија со заедничко соопштение на социјалните мрежи…

Џенифер Греј и Кларк Грег одлучија да му стават крај на својот 19-годишен брак.

Парот оваа вест ја објави со заедничко соопштение на своите профили на социјалните мрежи.

Актерскиот пар изјави дека по 19 години заеднички живот тие се разделиле уште од јануари. Додадоа дека секогаш ќе бидат семејство чии членови се сакаат, ценат и водат грижа еден за друг.

„Неодамна донесовме тешка одлука за развод, но остануваме блиски и длабоко благодарни на животот кој го делевме и прекрасната ќерка која ја одгледавме“, напишаа тие.

Ѕвездата на „Валканиот танц“, 60 годишната Греј и ѕвездата на Марвел, Грег (58) се венчаа во јули 2001 година. Истата година во декември ја добија ќерката Стела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот