Десерт за сладок викенд: Чоколадни тартуфи од три состојки

Доколку ви се пријаде нешто слатко, но немате многу време и ниту намирници за подготовка на некој десерт, овој рецепт е како создаден за вас. Се подготвува многу брзо, состојките најчесто ги има во секое домаќинство.
Состојки:
– 200 г црно чоколадо
– 100 г слатка павлака
– 1 лажичка ванила арома
За декорација:
– какао, кокос, чоколадни трошки (по желба)
Подготовка:
Во сад на пареа ставете ја слатката павлака, додајте го чоколадото и мешајте да се стопи. Додајте ја аромата од ванила и мешајте да се распоредат состојките. Потоа ставете го садот во фрижидер да стои еден час, додека се стегне. Со лажичка земајте од смесата и формирајте топчиња, односно чоколадни тартуфи. Потоа ставете ги повторно во фрижидер уште половина час. Извадете ги и валкајте ги во какао или ако сакате во чоколадни трошки или кокос.
Добар апетит!
Едноставен рецепт за мекици кој им успева и на неискусните домаќинки