Рецепт за капушњак, полска чорба што „лекува“ мамурлак

Капушњак е популарна полска чорба што се подготвува од многу едноставни и достапни намирници. Во чорбата доминира киселата зелка, а се додаваат и компири исечкани на коцки и коренест зеленчук како моркови и пашканат.
Оригиналниот рецепт за капушњак не содржи намирници од животинско потекло, но по желба можете да додајте и малку месо или сувомесни производи како сланина и колбаси.
Капушњак се подготвува во текот на целата година, но најчесто – во зима, по вечерта во која се испил повеќе алкохол. Имено, оваа чорба е полски лек за мамурлак.
Состојки:
– 500 грама компири
– 400 грама исцедена кисела зелка
– 2 ловорови листови
– 2 лажици масло
– 1,5 литар супа од зеленчук
– 1 голем кромид
– 1-2 чешниња лук
– 1 праз
– 1 морков
– 1 пашканат
– 1 лажичка пименто
– 1 лажичка мајоран
– ½ лажичка семки од ким
– сол и бибер по желба
Подготовка:
Загрејте го маслото во големо тенџере и динстајте го сечканиот кромид околу две до три минути.
Додајте праз, моркови и пашканат исечени на коцки и продолжете да пржете сè заедно околу 8 до 10 минути, додека зеленчукот не омекне.
Додајте ги сечканиот лук, кимот, мајоранот, пиментото и ловоровиот лист и продолжете да готвите уште една до две минути, повремено мешајќи.
Во тенџерето ставете ја исцедената кисела зелка и сè заедно динстајте околу две минути.
Залејте го зеленчукот со малку супа од зеленчук и динстајте сè заедно околу 10 минути.
Во тенџерето ставете ги компирот исечкан на коцки и залејте со остатокот од зеленчукот, па гответе околу 25 минути или додека компирот целосно не се свари.
Додајте сол и бибер по вкус и послужете топло со парче леб. Добар апетит!