Едноставен рецепт за мекици кој им успева и на неискусните домаќинки

Фото: Wikimedia Commons

Една од најпопуларните јадења од тесто во Македонија се мекиците. Подготовката е повеќе од едноставна, бидејќи само се мешаат состојките, а исто така е и брза, бидејќи не треба да се чека тестото да нарасне.

Обликувајте ги парчињата тесто по желба, а потоа испржете ги на добро загреано масло.

Со додавањето јогурт во смесата ќе бидат меки и воздушни. Ако никогаш не сте правеле, време е да научите како да направите вкусни мекици брзо и лесно.

Состојки:

– 250 милилитри јогурт
– 3 јајца
– 1 лажичка прашок за печиво
– 500-600 грама брашно

Подготовка:

Посолете ги јајцата, а потоа изматете ги и додадете го јогуртот. Сè убаво соединете. Потоа додадете просеано брашно со прашок за печиво и замесете меко тесто. Тестото развлечете го на набрашнета површина со дебелина од околу 1 сантиметар, па исечете го на коцки или каков облик сакате.

Пржете ги во добро загреано масло додека не поруменат од двете страни. Извадете ги на салфетка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот