Студија: Овие места во кујната имаат најмногу бактерии

Фото: Профимедиа

Едно неодамнешно истражување покажа дека теглите во кои чуваме зачини се меѓу местата во кујната кои имаат најмногу патогени. Имено, американскиот Оддел за безбедност и инспекција на храна при Министерството за земјоделство нарача истражување за утврдување на распространетоста и степенот на вкрстена контаминација на различни површини во кујната при подготовка на оброците.

Се проценува дека еден од пет случаи на болести предизвикани од храна се добива дома. Меѓутоа, не е точно познато на кој начин патогените (микроорганизми како бактерии и вируси кои предизвикуваат болести) се пренесуваат во кујната во текот на подготовката на оброците, пишува ГМА.

Научниците упатиле 371 испитаник да готват храна со мелени мисиркини плескавици кои го содржат безопасниот вирус МС2, а потоа земале примероци од површините во нивните кујни.

Тие утврдиле дека 48 отсто од теглите со зачини имаат микроорганизми од мисирка, што укажува на вкрстена контаминација со MС2; односно теглите со зачини имале најголема концентрација на MС2 во споредба со другите кујнски површини.

Откако испитаниците го подготвиле оброкот, експертите земаа брисеви од 12 области во кујната; вклучувајќи кујнски прибор и површини за подготовка на јадење. Потоа, брисевите биле транспортирани во лабораторија за микробиологија на Државниот универзитет во Северна Каролина, каде што била направена детекција на MС2.

Сите кујни, пред спроведувањето на експериментот, биле дезинфицирани со 10 отстотен раствор за избелување, а пред испитаникот да влезе во кујната, бил земен контролен брис од површината во близина на мијалникот за да се осигура дека кујнската околина не е контаминирана и дека нема траги од MС2.

Анализата на брисевите покажала дека во повеќето случаи бројот на примероци кои укажувале на контаминација со MС2 изнесувал околу 20 отсто; исклучок биле садовите со зачини за кои 48 отсто од примероците покажаа докази за вкрстена контаминација со MС2.

Научниците веруваат дека теглите со зачини се толку склони кон инвазија на патогени, бидејќи луѓето едноставно не ги чистат колку што треба, односно повеќе се концентрирани на миењето работни површини, кујнскиот прибор и, на пример, рачките од шкафчињата.

Истражувањето нареченао „Cross-Contamination to Surfaces in Consumer Kitchens with MS2 as a Tracer Organism in Ground Turkey Patties“, беше објавено во „Журнал за заштита на храната“ (Journal of Food Protection).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот