Концерт на Баки Хилми, Вероника Варга и Мишел Трајковски

Денови на македонска култура во Будимпешта се одржаа во организација на Лекторатот по македонски јазик

Во просториите на културниот центар „Balkan Heritage“ во Будимпешта на 15 јули се одржа концерт на маестро Мишел Трајковски, Баки Хилми, а специјалната гостинка на вечерта беше унгарската дива на балканската музика, Вероника Варга.

На почетокот Златко Панзов, организатор на настанот, кажа дека годинава „Деновита на македонска култура во Будимпешта“ се во духот на меѓукултурен дијалог, соработка, заеднички настапи и перформанси на уметници од Македонија и Унгарија. Виртуозите на македонската народна музика Мишел Трајковски и Баки Хилми на унгарската публика ѝ пренесоа дел од единствениот македонски мелос, а Вероника Варга со својата специфична интерпретација им донесе несекојдневна уникатност на македонските народни песни.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ почнаа со самостојната изложба на Богларка Фодор, на која таа го прикажува секојдневното животно пулсирање на Македонија низ очите на надворешен набљудувач – некој што набљудува без предрасуди, но со голема љубов. Изложбата освен во Будимпешта беше претставена во Скопје и во Белград.

Винаријата „Ерос“ со својот асортиман на вина им овозможи на присутните да уживаат во автохтоните македонски вина Станушина, Жилавка и останатите уникатни вина на оваа македонска семејна винарија. „Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ продолжуваат оваа есен со нови содржини и настани.

„Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ се организирани од Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Здружението на Унгарците од Македонија – Теледом и културниот центар „Balkan Heritage“ од Будимпешта. „Деновите на македонска култура во Будимпешта 2025“ се одржуваат со поддршка на Министерството за култура и туризам на РС Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот