Денеска требаше да се венчам, татко ми ќе ни пееше: Емотивните зборови на ќерката на Масимо Савиќ го кршат срцето

Фото: Фејсбук

„Денеска ние тројцата требаше да застанеме вака прегрнати, но пред матично. Тато планираше да нѐ изненади со песна. Ќе го поминам остатокот од мојот живот обидувајќи се да му простам на универзумот за оваа болка“, напиша ќерката на Масимо Савиќ, Мирна (31) покрај фотографија на која насмеано позира со својот татко и со момчето во некои посреќни денови.


Мирна и нејзиното момче Игор Павловиќ се во врска повеќе од шест години, а пред две години почнаа и заедно да живеат.

По завршувањето на студиите по новинарство на Факултетот за политички науки во Загреб, Мирна извесно време работеше како телевизиска и радио-водителка, во емисијата „ТОП.хр“ на РТЛ и на Антена Загреб. На 28-годишна возраст се одлучи за промена на кариерата и се вработи во креативна агенција, а оваа година е наградена како „комјунити менаџер“ на годината.

Масимо ја доби Мирна со Ени Кондиќ, со која помина 30 години во брак. Мирна и Ени беа неговите најголеми љубови, а роденденот на Мирна го нарече „најважниот и најпосебниот датум во календарот на животот“.

Фото: Инстаграм/Масимо Савиќ

Во петокот во загрепскиот ХНК се одржа комеморација за непрежалениот музичар, од кого се простија скршените колеги и соработници. За Масимо цело време имаше столче на сцената, но овој пат, на неговиот последен концерт, наместо него имаше бела роза, која никого не остави рамнодушен.

Веста за смртта на Масимо ја објавија Ени и Мирна на Фејсбук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aquarius Records (@aquarechr)


„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе бидеме твоите девојки“, напишаа во објавата.

Почина Масимо Савиќ

ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении

ВИДЕО | Музика и солзи: Комеморација за Масимо Савиќ во Загреб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот