Почина Масимо Савиќ

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Почина познатиот хрватски музичар и пејач Масимо Савиќ, соопшти неговото семејство. Имаше 60 години. Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.

„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност.Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aquarius Records (@aquarechr)

Тажната вест ја потврди и дискографската куќа „Aquarius Records“.

Од Савиќ се прости и Бобан Милошески, од  „Авалон“

„Мојот пријател Масимо не може да умре.Тој само замина да шири добрина и да пее моќно и од срце… како само тој може, на некое друго место. Овде даде и премногу од себе… засекогаш“ – напиша првиот човек на продукција.

Со емотивни зборови од Савиќ се простуваат неговите колеги. Сите ги споделуваат своите искуства со Савиќ, а имаат едно нешто заедничко – на сите ќе им недостига!

Меѓу оние кои на социјалните мрежи се простија од Масимо е и Марија Шерифовиќ.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

„Драг Масимо, беше искрена чест да Ве познавам и со Вас да разговарам за музика. Нека ви е вечна слава“, напиша Шерифовиќ.

Нина Бадриќ објави видео од неа и Савиќ снимено од телевизијата ХРТ. Тие заедно го изведоа хитот на Масимо „Странац у ночи“.

„Кога ќе останеш без зборови. Искрено сочувство на семејството. Засекогаш ќе бидеш тука“ – напиша Бадриќ.

И Тончи Хуљиќ се прости од големиот Савиќ.

„Драг пријателе…“ – напиша Хуљиќ покрај фотографијата на Масимо на која пејачот е насмеан.

Многумина го паметат токму по таа насмевка.

Пејачот Џибони запали свеќа за својот починат колега.

„Запалив свеќа за нашиот добар Масимо. Прерано, несфатливо прерано… Господ да му ја упокои душата“ – напиша Џибони на Фејсбук.

Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а средното образование го завршил во Загреб, каде што ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв/синт-поп група Доријан Греј, го издаде својот прв албум – „Сјај у тами“, а две години подоцна вториот албум „За твоје очи“.

Своето детство го поминал на Истра. На 12 години отишол во Милано, а после тоа со брод од Џенова, со мајка си тргнале на патување со брод во Австралија. Во Сиднеј, тој живеел во богато семејство две и пол години, каде неговата мајка Елде работела како шеф на послугата. Малиот Савиќ во Сиднеј отишол во Белви Хил, а во седмо одделение се вратил на Истра. Меѓутоа, тој го заборавил хрватскиот јазик во Австралија и повторно почнал да го учи кога се вратил.

Во 2013 година одбележа 30 годишен јубилеј од својата кариера, а последниот концерт го одржа во Арена Загреб на 5 ноември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот