ВИДЕО | Музика и солзи: Комеморација за Масимо Савиќ во Загреб

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Регионот го потресе веста за смртта на познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ. Како што напишаа неговата ќерка и сопруга на социјалните мрежи, легендарниот музичар боледувал од рак на белите дробови, а неговата борба со болеста била кратка.


Во Хрватскиот народен театар во Загреб со песната „Странец во ноќта“ во тек е комеморацијата за Масимо Савиќ, угледниот и сакан музичар кој почина минатата недела на 61-годишна возраст по кратко и тешко боледување.


На комеморацијата пристигнаа многубројните пријатели и колеги на Масимо, меѓу кои Зоран Предин, Владимир Кочиш Зец, Хусеин Хасанефендиќ Хус, Сања Долежал, Татјана Јуриќ, Алка Вуица, Влатка Покос, Ивана Врдољак Вана, Марко Тоља. На комеморацијата дојде иминистерката за култура на Р.Хрватска Нина Обљен Коржинек.

Во фоајето на ХНК е поставена спомен книга во која секој што сака може да се потпише. Последното збогување на Масимо ќе биде во вторник на 3 јануари на Градските гробишта во Задар.

ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении

„Се плашам“: Масимо Савиќ стравувал од смртта и имал долг од 20.000 евра

 

Една од најголемите ѕвезди на поранешна Југославија бега од стан во стан бидејќи нема пари да плати кирија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот