„Се плашам“: Масимо Савиќ стравувал од смртта и имал долг од 20.000 евра

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Целиот регион е во шок поради смртта на музичарот Масимо Савиќ. Публиката во Македонија го обожаваше и секогаш со задоволство присуствуваше на неговите незаборавни концерти.

Масимо починал вчеравечер во болницата Винодолски во Загреб од рак на белите дробови, а веста попладнево ја објави неговото семејство. Имаше 60 години.

Неодамна, популарниот хрватски музичар зборувал за болеста на својот татко и за борбата со леукемија, но зборувал и за многу теми од својот живот за кои дотогаш јавно не проговорил. Масимо во неодамнешно интервју отворено зборувал и за долгот од 20.000 евра, пишува Курир.рс.

„Должев дваесет илјади евра. Јас тој кредит не го ни почувствувава. Финансискиот период ме допре нешто малку. Заштедив многу, научив да бидам столб на моето семејство“ – изјавил тогаш Масимо.

„Ја презирам смртта од дното на душата. За жал, се плашам дека по ова нема живот“ – изјавил Савиќ, не ни сфаќајќи дека денешниот ден ќе дојде толку брзо.

Тој се навратил на периодот за време војната и открил што научил од тој тежок период:

„Многу луѓе ме каснаа, но стигнав до целта без ниту едно скинато парче. Многумина се обидоа да ми застанат на патот. За време на војната имаше секакви инсинуации. Војната ми остави длабок впечаток. Ме научи да не му верувам секому и да го заштитам мојот тесен круг на големи луѓе, само тие што ми стојат во прегратка. Мојата ќерка, сопругата и кучето. Мојата најголема љубов е мојата сопруга“ – заклучил Масимо во неодамнешно телевизиско интервју.

Почина Масимо Савиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот