ВИДЕО | „Искрено ме засака“: Вака Масимо Савиќ зборуваше за својата Ени, жената со која се сакаа три децении

Фото: Инстаграм/Масимо Савиќ

Хрватската музичка легенда Масимо Савиќ, кој вчера почина на 60-годишна возраст, беше во брак со сопругата Ени Кондиќ повеќе од 30 години. Пејачот секогаш отворено зборуваше за љубовта кон неа и ја користеше секоја прилика да потенцира дека таа му е најголема поддршка во животот. Ена е авторка на голем број негови песни, а со неа ја доби и ќерката Мирна Савиќ.

На почетокот од годинава, Масимо Савиќ гостуваше во емисијата „Шта сам теби и ко сам себи“ („Што сум ти на тебе и кој сум на самиот себе“) на српската телевизија К1. Во разговорот со водителот Иван Станковиќ, тој, меѓу другото, зборуваше и за својата Ени.

„Фала му на Господ што во мојот живот влезе мојата сопруга, која е од семејство на интелектуалци, а јас бев од дисфункционално семејство. Таа е од едно мирно, драго семејство – вистински интелектуалци. Таа имаше многу големо трпение за една будала како мене. Искрено ме засака и се сакаме и ден-денес, а се сакаме сѐ повеќе и сѐ повеќе. Како во песната ‘Индија’. Таа самата напиша во ‘Индија’: ‘…и кога ќе бидеш стара, ти ќе ми бидеш иста – моја’. Јас не го гледам скафандерот кој се менува на неа. Јас само ја гледам личноста која е во неа, во тој скафандер кој ние го нарекуваме кожа и структура“, раскажа пејачот.

„Ние живееме како студенти. Ние гледаме филм до три, четири часот наутро, па потоа разговараме, чекаме да се раздени. Како балавандери. Нашата ќерка е многу посериозна личност од нас и знаеме многу да ја налутиме и изнервираме. Таа не живее со нас, но токму затоа и не живее со нас, бидејќи ние сме малку побоемски ориентирани“, додаде Масимо.

„Се плашам“: Масимо Савиќ стравувал од смртта ѝ имал долг од 20.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот