Деми Мур - Фото: - / INSTAR Images / Profimedia

Деми Мур наполни 63 години и испрати моќна порака: „Животот не станува полош со годините!“

Холивудската актерка Деми Мур неодамна го прослави својот 63. роденден, а во гостувањето во емисијата „The Stephen Colbert Show“ отворено зборуваше за стареењето и за годината исполнета со големи успеси.

Колберт ја праша како се чувствува по навистина динамичната година зад неа – година во која освои Златен глобус за улогата во филмот „The Substance“, се појави во серијата „Landman“ и влезе на листата на „Жени на годината“ на магазинот „Гламур“.

„Вау. Така се чувствувам – вау. Каква година, забавна и прекрасна. Навистина верувам дека ова е неверојатен период, а сите што мислат дека стареењето значи дека животот се влошува – грешат“, искрено рече актерката.

Во декември минатата година Мур зборуваше за тоа како со возраста го променила односот кон себеси. Призна дека голем дел од животот го поминала самокритикувајќи се.

„Кога ќе се навратам, гледам дека на 20, 30 години секогаш наоѓав нешто што не е доволно добро. Денес стареењето го гледам многу пореално и со радост. Секако, има моменти кога мислиш: ‘Би сакала да не е вака‘, но во целина се гледам себе како личност, а не само некоја надворешна идеја за тоа која сум.“

Деми нагласила дека сака да биде пример за помладите генерации, особено за своите ќерки Румер, Скаут и Талула, родени од бракот со актерот Брус Вилис.

„Ние сме иднината на жените. Кога ги гледам моите ќерки, не сакам ни за момент да помислат дека постои крај. За мене ова е највозбудливиот дел од животот – децата пораснаа, имам најмногу слобода и автономија да го редефинирам правецот кон кој сакам да одам. Не знам како ќе изгледа тоа, но возбудена сум што сум во овој период.“, изјавила таа за „Пипл“.

 

Минатата година Мур освои Златен глобус – првиот во нејзината 45-годишна кариера. Во емотивниот говор се сетила на момент од пред три децении кога продуцент ја нарекол „попкорн актерка“.

„Во тоа време, го разбирав тоа како нешто што не смеев да го имам. Верував во тоа, верував дека е вистина и со текот на времето ме уништи до тој степен што пред неколку години помислив дека е готово. Можеби завршив, можеби направив сè што требаше“, рекла таа, признавајќи дека филмот „The Substance“ се случил во најниската точка од нејзината кариера.

„Потоа на мојата маса се појави магично, смело, сосема лудо сценарио наречено „Супстанцата“, а универзумот ми кажа дека не сум завршила“, изјавила актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот