Деми Мур / Фото: Riccardo GIordano / ipa-agency.net / IPA / Profimedia

Деми Мур и Стелан Скарсгард ќе бидат дел од жирито на 79. издание на Канскиот филмски фестивал

Организаторите на престижниот Кански филмски фестивал го објавија составот на деветчленото жири кое оваа година ќе одлучува за добитникот на „Златната палма“. Овогодишното, 79-то издание на фестивалот, ќе започне на 12 мај.

Деми Мур – Фото: MICHAEL TRAN / AFP / Profimedia

Ѕвезден состав на жирито

Како што беше претходно најавено, со жирито ќе претседава јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вук. Покрај него, за најдобрите остварувања во главната натпреварувачка програма ќе одлучуваат звучните имиња како Деми Мур и Стелан Скарсгард, кои во последните години имаа забележителни настапи во Кан, а заедно со нив ќе бидат и Клои Жао, Рут Нега, Лора Вандел, Диего Сеспедес, Исак де Банколе и Пол Лаверти.

Стелан Скарсгард – Фото: EPA/CLEMENS BILAN

Кан како отскочна штица за Оскарите

И Мур и Скарсгард се појавија во филмови прикажани во Кан кои подоцна им донесоа номинации за Оскар. Филмот на Деми Мур, „The Substance“, премиерно беше прикажан на фестивалот во 2024 година, додека минатата година во Кан беше претставен и „Sentimental Value“, во кој игра Скарсгард.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот