Делчево со нови сообраќајни знаци, опрема и воведување „Зона 30″

Во Делчево во тек е поставување собраќајна сигнализација на новоизградените улици и патишта, како и на пофреквентните улици во градот. Новина е воведувањето зони, каде задолжителна брзина на движење на возилата се ограничува на 30 км/ч, а ќе се однесува во делови од населби, каде вообичаено има поголема фреквенција на возила и пешаци.

Со оваа активност е планирано да се постават 290 сообраќајни знаци и опрема во Делчево. Сообраќајна сигнализација се поставува на улиците „Орце Николов”, „Скопска”, „Острец” , „Вера Јоциќ”, „Маршал Тито” и локалниот пат Делчево – Тработивиште, улиците „3″и „4″ кои водат до новиот градски пазар.

Со поставувањето на сообраќајните знаци и опрема, како што додадоа, се имплементираат утврдените режими на сообраќај на улиците во градот Делчево, но и на локалниот пат Л-1 Делчево – Тработивиште.

Целта е да се изврши навремено известување на сите учесници во сообраќајот за режимот под кој се одвива сообраќајот, а со тоа и ќе се зголеми безбедностa во сообраќајот на предметната улица и нивото на услуга на сите учесници во сообраќајот.

Сообраќајната сигнализација на улиците „Орце Николов” и „Скопска”, „Острец” и Делчево – Тработивиште е финанасирана во рамки на проектот за подобрување на локалните патишта преку Министртво за транспорт и врски при што планирано е да бидат поставени околу 115 знаци и опрема (сообраќајно огледало и заштитна ограда).

На улиците „Вера Јоциќ”, „Маршал Тито” и Улица „3″ и „4″, посочија, е планирано да бидат поставени околу 175 знаци, обезбедени со финанасирање преку Буџетот на Општина Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот