Дали знаевте дека Џони Деп си игра со барбики?

Фото: EPA-EFE/JUAN HERRERO

Џони Деп важи за еден од најголемите заводници, но тоа што можеби повеќето негови обожавателки не го знаат, е тоа што овој холивудски шмекер обожава да си игра со барбики.

„Мојата ќерка и јас доста си игравме со барбики. Многу често на неа ги тестирав ликовите играјќи си со барбики, а тоа многу ми помагаше да ги доловам ликовите и да бидам подобар во глумата“, откри актерот пред неколку години.

Неговата петнаесетгодишна ќерка денес повеќе не си игра со барбики, а го замолила и тој да престане.

„Еден ден таа само ми кажа: Тато биди нормална барбика, престани со тие разни гласови. Тогаш јас престанав да си играм со неа“, изјави тој.

Сепак, актерот признава дека во домот ја крие својата вистинска колекција од овие кукли кои му помагаат да биде подобар актер.

„Имам многу барбики во мојата колекција“, открива актерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот