Дали и вие вака ја сушите вашата коса? Ви нудиме одличен трик!

Постојат големи шанси дека вашата рутина за сушење на косата е следнава: Исушете ја што побрзо и излезете, но ние ви нудиме одличен трик.

Но, има еден дел кој веројатно го заборавате и кој може драстично да го подобри изгледот на вашата коса и квалитетот на влакната, како и да го спречи делењето и оштетувањето на врвовите.

Во продолжение прочитајте за што станува збор и зошто е важно да ги потрошите тие дополнителни 30 секунди на овој трик.

Што треба да направите: Исушете ја косата како што го правите тоа вообичаено. Во оној момент кога ќе забележите дека косата е околу 90% сува, префрлете се на опцијата за сушење со ладен воздух и така досушете ја.

За да имате повеќе волумен на темето, подигнете неколку прамени коса од тој дел и насочете го ладниот воздух кон корените.

Како функционира: Топлиот воздух го забрзува процесот на сушење на влакната и ви овозможува да дадете која било форма на косата која што ја посакувате, независно дали е права, виткана, раздвижена или префрлена наназад.

Ладниот воздух пак од друга страна, ги затвора кутикулите од косата и на тој начин го зацврстува избраниот изглед и додава дополнителен сјај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот