Дали е ова некој виц? Ким Кардашијан откри кога последен пат чистела и била во продавница!
Американската старлета Ким Кардашијан никако не можеме да ја замислиме како домаќинка и навистина би било „премногу“ да ја гледаме како пазарува, брише прашина, мие прозорци…
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ким Кардашијан (44) и целото нејзино семејство живеат луксузен живот, а ги прослави реалното шоу што ги направи ѕвезди. Освен што е најпознатата ријалити ѕвезда, Ким е и успешна претприемачка, а детали од нејзиниот и животот на остатокот од семејството беа прикажани во реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ (Keeping Up With the Kardashians“).
Сега, Ким Кардашијан привлекла внимание и со разговорот во поткастот „Клои во земјата на чудата“ (Khloe In Wonderland) во кој нејзината сестра Клои Кардашијан сакала да ги знае одговорите на низа прашања што почнуваат со „Кога беше последен пат…“.
Клои ја прашала Ким кога последен пат извршувала некои од секојдневните обврски, меѓу кои и домашните работи, а одговорот бил… Па, можете ли да погодите?
„Се сеќавам дека бев во продавница пред шест години, а пред тоа можеби пред 12 или 15 години. Сакам да прошетам, така што ќе одам повторно. Постојано одам во трговски центри, тоа го обожавам“, одговорила Ким.
Клои ја прашала и кога последен пат чистела со правосмукалка, а Ким одговорила дека го сака тој дел од работата, но дека не го работела тоа долго време.
„Ние не сме неспособни, но мислам дека луѓето мислат дека имаме слугинки или некој што работи за нас“, додала старлетата.


