Дали Чарли Чаплин еднаш учествувал и изгубил на натпревар на негови двојници?
На денешен ден во 1889 година е роден Чарли Чаплин, човекот познат нашироко како најголемиот комичар на екранот и една од најважните фигури во историјата на филмот. Преку неговиот постојан лик на Скитникот, Чаплин ја споил физичката комедија со трогателност, па дури и социјална критика, помагајќи да се прошират експресивните можности на киното во добата на немиот филм.
Препорачано
Неговите филмови остануваат централни за дискусиите за филмската уметност, популарната култура и општествената улога на комедијата, а неговиот иконичен изглед на ликот на Скитникот е препознатлив и денес.
Оваа огромна популарност на Чаплин од печатот била крстена „чаплинитис“. Таа лудост и обожување на глумецот, исто така, донело и бран на имитатори.
Според исечоците од печатот од 1918 година во Архивите на Чаплин, кога глумицата Мери Пикфорд била во Лондон на вечера во Англосаксонскиот клуб, таа раскажала приказна која стигнала до печатот дека Чарли Чаплин учествувал на натпревар за препознатливиот начин на одење на Чаплин, на кој завршил на 20-то место.
Оваа анегдота била доста широко објавена во британскиот печат во тоа време. Еден новинар точно забележал во една статија дека оваа приказна „ќе има траен живот“. Различни верзии на оваа таканаречена „совршена приказна“ биле проширени во 1920-тите и 30-тите години, а сè уште се шират денес.
Децении подоцна, Чарлс Чаплин помладиот напишал во својата книга „Мојот татко, Чарли Чаплин“ дека неговиот татко учествувал на натпревар и завршил на третото, а не на 20-тото место.
„Луѓето одржувале безброј натпревари поврзани со Чарли Чаплин. Тато ми раскажа за еден од нив што се одржал пред да се родам. Беше во Кинескиот театар Грауман во Холивуд, и имаше триесет или четириесет луѓе на сцената кои се трудеа најдобро што можат да го имитираат тато. Тато беше еден од нив. Тој се качил тајно за да види како ќе се снајде. Тој заврши на третото место. Тато секогаш мислел дека ова е една од најсмешните шеги што можат да се замислат – дали на него или на судиите или и на сите, не знам“, напишал тој.
Сепак, во 1966 година, шест години откако била објавена книгата на Чарли Чаплин помладиот, самиот Чаплин ја побил приказната во интервју со Ричард Мериман. Кога бил прашан за друга гласина дека направил грешка при создавањето на својот познат костим и шминка со тоа што ги исекол големите мустаќи „премногу мали“, Чаплин објаснил дека тоа не е вистина.
„И легендата дека учествував на натпревар, секоја недела имаа натпревар за тоа кој е најдобриот Чарли Чаплин, и го имаа на главната улица, имаше награди како 25 долари, а легендата е дека учествував и завршив трет… Како прво, работам напорно цел ден. Секако дека не сакам да го правам тоа“, додал тој.
Со тоа се чини дека „совршената приказна“ на крајот била премногу добра за да биде вистина.
Но, натпреварите за најдобар двојник на Чаплин не завршиле во 30-тите. Во 2017 година, точно на роденденот на Чаплин, како и на првата годишнина од отворањето на музејот „Чаплиновиот свет“ се поставил светски рекорд во однос на бројот на луѓе маскирани како Скитникот на Чаплин на едно место.
Thank you very much! 662 Tramps! Happy Birthday Charlie! #IamPartoftheLegend #ChaplinsWorld pic.twitter.com/u1PjAoHBY2
— Chaplin’s World (@chaplins_world) April 16, 2017
Сите биле во темни костуми со широки панталони, капи и стапови за одење, и секако, мустаќи. Крајниот број на учесници бил 662, сите собрани во поранешната куќа на британскиот комичар во Швајцарија, со поглед на Женевското езеро.
По повеќе од 100 години од ерата на немите филмови кога ликот на Чаплин ја освои Америка и светот, приказот на општеството и работното место од страна на Скитникот има одгласи и до ден-денес. Ова е само доказ за бессмрноста на смешниот човек со препознатливиот мустаќ.


