Чизкејк со малини: Сите го обожаваат овој колач, а денес во него можете да уживате и Вие (ВИДЕО)

принтскрин/јутјуб

Од 5 до 85 години сите сакаат чизкејк. Освен што е неверојатно вкусен, овој колач исто така едноставно се подготвува.

Состојки:

– 300 гр мелени бисквити
– 80 гр стопен путер
– 2 лажици шеќер
– 1 кисела павлака
– 1 крем сирење
– 2 лажици прав шеќер
– кесичка желатин
– 300 мл слатка павлака
– 300 гр свежи малини

Подготовка: Подлогата ја правиме така што во бисквитите ќе го додадеме путерот и ќе ги соединиме и рамномерно ќе ги наредиме на дното од калапот. Оставете го потоа да се олади. Измиксирајте 300 мл слатка павлака, додадете кисела павлака, крем сирење и шеќер во прав и се добро измешајте. Таа смеса ставете ја преку подлогата, и рамномерно распоредете ја. Однесете ја повторно на ладење. Активирајте го желатинот, во сад за варење додадете три лажици вода и две лажици шеќер, па започнете со варењето. Додадете ги и малините и желатинот и направете компактна смеса. Прелијте преку претходно оладениот колач. Однесете го повторно на ладење, добро да се излади. Сервирајте и декорирајте по желба. Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот