Гласање избори / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

ЦГК: Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи

Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година. Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.

Ова се резултатите од истражувањето за изборите и за јавни набавки што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.

Фото: Центар за граѓански комуникации

Како што стои во соопштението од Центарот за граѓански комуникации, истражувањето покажало дека гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.

-Дури 41 процент од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас. Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми. Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки, се наведува меѓу другото во соопштението од Центарот за граѓански комуникации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот