Брз оброк за љубителите на пицата: Неодоливо вкусна пица салата (РЕЦЕПТ)

Љубителите на пицата ќе бидат воодушевени од овој превкусен поинаков начин на уживање во нивното омилено јадење.

Пица салатата се подготвува лесно и брзо, вкусна е, а може да се послужи како ручек, вечера, мезе за со пријателите и сл.

Предноста е што се служи ладна, па може да ја подготвите еден ден пред да ги дочекате гостите.

Потребно ви е:

300g макарони
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
10тина чери домати
10тина црни маслинки
200g свежи или маринирани шампињони
200g шунка или салама по желба
200g кашкавал или пармезан
200ml пица кечап
зачини по желба

Подготовка:

Макароните сварете ги и добро и исцедете ги.

Сите останати состојки, освен кашкавалот и кечапот, исечкајте ги на коцки и зачинете ги доколку сакате. Ставете ги во еден длабок пластичен сад, а потоа додајте ги и макароните.

Салатата ставете ја во фрижидер да се олади, па пред послужување додајте го кечапот и ренданиот кашкавал.

Уживајте, пријатно јадење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот