БРОЈКИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА: Мејведер ја кажа сумата за која ќе влезе во рингот со Конор и Хабиб

фото: твитер

Поранешниот боксерски шампион, Флојд Мејведер, бара неверојатни 600 милиони долари за повторно да влезе во рингот.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, во 2017 година боксуваше со УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор и го победи со технички нокаут во 10. рунда.

Во последните неколку месеци, повторно се интензивираа шпекулациите за втор боксерски дуел, но и за бокс меч на Мејведер со уште една УФЦ ѕвезда, Хабиб Нурмагомедов.

Флојд Мејведер кој минатата година и официјално се пензионира како непоразен боксер, изјави дека е подготвен повторно да влезе во рингот и тоа со двете УФЦ ѕвезди во еден ден, но за тоа да се случи бара неверојатни 600 милиони долари, по 300 милиони од борба.

– Разговарав со претседателот на УФЦ, Дејна Вајт за борба против Конор Мекгрегор и Хабиб и за тоа барам 600 милиони долари. Сакам да се исплати ризикот доколку веќе влегувам во рингот. Моментно во светот на боксот немам причини да влегувам со обичен борец. Бокс мечот со Конор донесе многу пари. Не сакам да влегувам во рингот против боксер кој зад себе има само град. Доколку ме сакаат во рингот, тогаш мора целата држава да биде зад борецот – истакна Мејведер.

Мејведер за бокс мечот со Мекгрегор во 2017 година заработи неверојатни 300 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот