epa08712100 Novak Djokovic of Serbia in action against Ricardas Berankis of Lithuania during their men?s second round match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 01 October 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Британците го прогласија Новак Ѓоковиќ за „ковидиот“ на годината

Британскиот таблоид „Дејли Меил“ кој е еден од најчитаните портали на светот, го прогласи првиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, за „ковидиот“ на годината.

Причината за тоа е организацијата на Адриа тур во време на пандемијата на коронавирусот, а на кој се заразија Григор Димитров, Борна Чориќ, Виктор Троицки и самиот Ѓоковиќ.

Чориќ и уште двајца тренери од „Адриа Тур“ имаат коронавирус

Освен тоа, „Дејли Меил“ како „голем грев на Ѓоковиќ“ му ја препишува и диксвалификацијата од УС Опен откако ненамерно ја погоди линиската судијка во вратот.

„Ѓоковиќ од останатите спортисти го одвои и тоа што го погоди линискиот судија со топчето во лицето па поради тоа беше и дисквалификуван од УС Опен. Сепак, тоа не е ниту најблиску негов најконтроверзен момент во годината. Србинот за време на пандемијата, во јуни го организираше Адрија тур и поради тоа е најголем ковидиот на годината. Не се почитуваа препораките за социјална дистанца на трибините, се појави видео на кое се гледа како тенисерите се забавуваат во ноќен клуб. Затоа не претставуваше изненадување што вториот турнир беше откажан поради појава на коронавирус кај тенисерите вклучувајќи го и Новак и неговата сопруга. За среќа сите заразени се опоравија, но Новак заслужи уште еден трофеј“, пишува „Дејли Меил“.

Покрај Ѓоковиќ, според англискиот медиуми конкуренти за непопуларната награда беа и фудбалерите Фил Фоден, Мејсон Гринвуд, Џек Грилиш, Кајл Вокер и Калум Хадсон Одои.

Французите едвај дочекаа, карикатура ЃоКовид-19 (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот