Французите едвај дочекаа, карикатура ЃоКовид-19 (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ се најде на удар јавноста поради организацијата на „Адриа Тур“ чии турнири во Белград и Задар се играа пред публика.

По неделната објава на Димитров дека е позитивен на коронавирус, веднаш беше прекинат турнирот во Задар и експресно беа извршени тестирања на тенисерите, додека Ѓоковиќ одлучи да се тестира по пристигнувањето во Белград.

Францускиот „Лекип“ по објавата дека Ѓоковиќ вчера се тестирал на коронавирус, денеска објави фантастична карикатура на Ѓоковиќ како преносител на ковид-19 и притоа напиша „Кој сака да се гушнеме“.

Денеска стигнаа резултатите од тестот на Ѓоковиќ, тој и неговата сопруга се позитивни на коронавирус.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот