Брестовац со три промени, Крстевски замена за Стоилов

Фото: РФМ

Во неделниот натпревар селекцијата на Македонија ќе настапи со три промени во однос на претходниот дуел одигран против Турција во Ескишехир.

На местото на Стојанче Стоилов, кој имаше операција, ќе настапи Горан Крстевски, Дарко Димитриевски ќе биде замена на повредениот Милорад Кукоски, а Мартин Серафимов доаѓа на местото на Томислав Јагуриновски.

EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Мечот ќе се игра в недела со почеток од 18:00 часот во салата „Парк“, Струмица.

Судии на овој меч ќе бидат Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, и двајцата од Австрија, додека за ЕХФ-делегат е назначен Небојша Вујисиќ (Црна Гора).

Целта на нашите најдобри ракометари е со победа да го завршат квалификацискиот циклус и воедно им се реваншираат на Грците за поразот во Кожани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот