НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Ги „прегазивме“ Грците, нека биде така и в недела! – Слободен печат
РакометСпорт

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Ги „прегазивме“ Грците, нека биде така и в недела!

Македонската машка сениорска ракометна репрезентација се подготвува за последниот меч од квалификациите за ЕП 2020 година против Грција.

Дуелот е закажан за в недела од 18.00 часот во салата „Парк“ во Струмица, се очекуваат полни трибини, максимална поддршка и секако со голема надеж дека ќе го завршиме циклусот победнички.

Пласманот на наредниот континентален собир кој што ќе се одржува во три држави го обезбедивме со тешката гостинска победа над Ескишехир против Турција.

Фото: РФМ

Потсетување дека поради повреда и против Грците нема да настапи левото крило Дејан Манасков, а после успешната операција истиот меч ќе го пропушти и Стојанче Стоилов.

Но, тоа секако е шанса за помладите уште еднаш да се истакнат овој пат пред струмичката публика.

Секако „црвено-жолтите“ ќе бидат дополнително мотивирани и во обид да се реваншираат за поразот во Кожани и на тој начин го обезбедиме првото место (пред Исланд) за подобра позиција пред извлекувањето на групите за ЕУРО.

На денешен ден, на 15. јуни 2014 година најдобрите грчки ракометари во ВИП Арена СЦ „Борис Трајковски“ доживеаја вистинска лекција по ракомет (35:23) кога се пласиравме на СП, а сега веруваме дека така ќе биде и в недела за учество во нашето петто по ред ЕП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close