Ракометарите со судни маки славеа против Турција – Слободен печат
РакометСпорт

Ракометарите со судни маки славеа против Турција

Многу потешко од очекуваното, но со прикажаната игра Македонија во трилер завршница ја победи Турција.

Машката ракометна репрезентација со судни маки успеа да победи на гостувањето кај Турција во квалификациите за ЕП 2020 година и да остане на првото место во групата 3 кое води во вториот шешир на ждрепката.  Ракометарите одиграа далеку од очекуваното, со големи падови во играта и благодарение на неискуството на турските ракометари победија со 26:25.

Во првото полувреме, избраниците на селекторот Данило Брестовац одлично почнаа, направија предност од четири голови (4:8) и иако се очекуваше да се продолжи во ист ритам, ракометарите паднаа. Турците успеаја да се вратат, прво дојдоа до резултатски егал, а потоа и ја презедоа контролата и до 10-тина минути пред крајот на натпреварот го диктираа резултатот.

Филип Кузмановски во 49. минута со голот израмни на 21:21, а една минута подоцна Филип Талески донесе и водство од 22:21. До самиот крај се играше гол за гол, кога повторно двоецот Кузмановски и Талевски со два гола донесе предност од 24:26.

Турците брзо одговорија со гол, а по промашениот шут на Лазаров 10-тина метри поради закана за пасивен напад, турските ракометари добија шанса да останат непоразени. Сепак, Никола Митрески го одбрани шутот во последната секунда и донесе два бода со кои речиси е обезбедено првото место во групата 3.
Капитенот Кире Лазаров со седум голови беше најпрецизен во „црвено-жолтиот“ тим, Филип Талески постигна пет голови, додека во редовите на Турција, Пеливан постигна дури 10 голови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close