Стоилов успешно опериран, ќе ја пропушти Грција

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Стоилов подолг период имаше проблеми со менискусот на коленото и сега му следува период на рехабилитација за македонскиот репрезентативец.

Како што информира „Спортмедиа“, Стоилов беше успешно опериран во „Аџибадем Систина“ и се чувствува добро.

Со Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите, имаше напорна сезона, но издржа и во важното гостување во Ескишехир каде што успеа победнички со националниот тим да обезбеди настап на ЕП 2020 година.

На ова гостување борбениот играч на Вардар еднаш се запиша во листата на стрелците.

Без пивотот избраниците на селекторот Брестовац ќе се обидат в недела во Струмица да го завршат успешниот квалификациски циклус со еден триумф над Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот