Бредли Купер проговори за појавувањето на Ирина Шајк на неговата премиера: Дали ова значи дека се повторно заедно?

бредли купер ирина шајк
Фото: Принтскрин / YouTube

Бредли Купер и Ирина Шајк секако ни оставаат впечаток дека има повторно обединување на повидок, но тие не го официјализираат како Џенифер Лопез и Бен Афлек што го направија тоа. На неговата премиера на Nightmare Alley во средата, манекенката беше таму за да го поддржи нејзиниот поранешен партнер и татко на нејзината 4-годишна ќерка Леа, но тие нè тераат да погодуваме дали ова е само пријателска или романтична ситуација.

Бидејќи тоа беше големата вечер на Купер, тој се фотографираше со актерската екипа и пошироката филмска екипа, а не со Шајк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🔮✨ (@earthward09)

Таа навистина се појави и го разниша црвениот тепих во фантастичен костим аутфит со провокативен топ налик на трегери под сакото, одвај затскривајќи ги градите. И, се фотографираше сама, потоа и со нејзината блиска пријателка и колешка Сара Максвел, но не и со актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Па дали се обидуваат да ни кажат дека овде нема што да се види? Или ни велат дека не се подготвени да ја дефинираат нивната релација како врска, т.н. „комплицирано е“?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mr.CineOficial (@mr.cineoficial)

Актерот сепак не се воздржа од коментар за ситуацијата, и иако беше доста краток во одговорот на прашањето што мисли за појавувањето на Ирина Шајк на црвениот килим и премиерата на неговиот нов филм „Nightmare Alley“, тоа сепак звучеше како убава вест за фановите.

„Mногу е посебно“, изјави Купер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑪𝒉𝒊 (@chimagazineit)

Шајк исто така не го сокри појавувањето и објави фотографија од премиерата на својот инстаграм-профил, со напис кој фановите го протолкуваа како дека претстојат уште јавни појавувања, или ноќи, заедно.

„Вечерта на #nightmarealley во мојот @burberry“, напиша Ирина под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Haftmann (@brittshayknews)

Гласините за можното помирување беше поттикнати од љубопитноста на фановите од средината на ноември, кога двојката беше забележано во Њујорк рака под рака и без нивната заедничка ќерка.

Тие отсекогаш биле пријателски расположени и пријателски ја воспитувале Леа, но според фотографиите оваа средба делува за нијанса поинаква – тие изгледаа како пар.

Двајцата всушност важат за многу посветени родители, и познато е дека иако не се заедно како пар, тие се во постојан контакт и заедничко опкружување затоа што ја сакаат Леа многу и сакаат да бидат најдобри можни родители. Уште од моментите на нивната разделба тие тежнеат кон многу заеднички интеракции и дружења да ја опкружуваат Леа и нејзиниот распоред, па затоа исто така и се среќаваат и сами.

Затоа, засега се става голем знак прашалник на Купер и Шајк, но избегнувањето заеднички фотографии само ги зголемува сомнежите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот