БРАВО: Македонија е двократен светски шампион во „Кантер-страјк“ по триумфот над Монголија

Македонските кантераши не го даваат светскиот трон/фото: Македонска Еспорт Федерација

Остварен е нов голем успех за македонскиот е-спорт, нашата репрезентација триумфираше во финалето на Светското првенство кое се одржа во Индонезија.

Македонија вечерва игра за светска титула во „Кантер-страјк“!

Македонските кантераши (CS-GO) со резултат 3:1 во мапи беа подобри од претставниците на Монголија и така повторно се најде на највисокото место во „кантер-страјк“.

Претходно и Мартин Саздов донесе голема радост за македонскиот е-спорт кој беше дел од тимот кој победи на „Интернешнл“ 11.

Доминира македонската кантерашка селекција во светот на е-спортот, веќе е двоен европски и светски шампион.

Годинава Македонија стана европски шампион во „кантер-страјк“ откако со 2:1 во финалето ја совлада Украина.

ВИДЕО: Македонскиот тим во Counter Strike го освои Светското првенство!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот