Македонија вечерва игра за светска титула во „Кантер-страјк“!

Фото: Македонска Еспорт Федерација

Македонската е-спорт репрезентација на во „кантер-страјк“ вечерва, поточно рано наутро по македонско време ќе игра финале на Светското првенство во Индонезија.

Наш противник ќе биде Монголија. Претходно македонските „катераши“ преку Аргентина и Германија дојдоа до последната пречка пред искачување на светскиот трон.

Мечот против Монголија го играме од 03:00 часот по полноќ.


Македонија во тимот на „BLUEJAYS“  ја претставуваат:

Јане Апостолоски „аidKit“

Александар Ќуловски „CacaNito“

Даниел Глигоров „dan1“

Дамјан Стоилковски „kyxsan“

Павле Стојановски „stYleEeZ“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот