ВИДЕО: Македонскиот тим во Counter Strike го освои Светското првенство!

Македонските „кантераши“ во финалето ја совладаа Романија/фото:фејсбук

Репрезентацијата на Македонија во „Counter Strike:Global Offensive“ ја освои титулата на Светското првенство кое се одржува во Израел.

Репрезентацијата на Македонија во состав Јане “aidKiT” Апостолоски, Дамјан “kyxsan” Стоилковски, Александар “CacaNito” Ќулукоски, Павле “stYleEeZ” Стојановски и Кристијан “fodor” Поповски во финалето ја совладаа Романија со 2:0.

Во првата рунда која се играше на мапата Инферно, македонските „кантераши“ славеа со 16:10, додека на втората мапа „Мираж“ беше 16:11.
Најдобар резултат од македонската репрезентација оствари Стојановски со 24 убиства и 4 асистенции.

За освоената светска титула, македонската CS:GO репрезентација покрај златниот медал доби и парична награда во висина од 10.000 долари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот