Босанскиот премиер осуден на четири години затвор во случајот со набавката на кинеските респиратори
Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е прогласен за виновен во случајот со набавката на 100 кинески респиратори. Новалиќ како првообвинет незаконски е осуден на четири години затвор.
Препорачано
Новалиќ утрово не дојде на изрекувањето на пресудата, а присуствуваа сите други обвинети.
Фикрет Хоџиќ, сопственикот на фирмата „Сребрена малана“, која набавувала респиратори, е осуден на пет години, а поранешниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак на шест години.
Како што пренесува босански „Кликс“, компанијата „Сребрена малана“ мора да плати казна од 200.000 конвертибилни марки, додека Хоџиќ да врати 600.000 конвертибилни марки.
Сите осудени се прогласени за виновни за кривичното дело злоупотреба на положбата, а ослободени од обвиненијата за перење пари и примање подароци.
Солак, меѓу другото, е виновен и за фалсификување документација бидејќи на подреден вработен му наредил да го смени делот од договорот што се однесува на етикетата на респираторот.
Самиот Солак претходно и предложил на владата да го суспендира откако се покажа дека со неговата одлука е доверена работата за набавка на стотина вентилатори за болниците во Сараево, Мостар и Тузла на компанијата „Сребрена малина“, регистрирана за одгледување и преработка на овошје и зеленчук, во сопственост на Фикрет Хоџиќ, познат како водител на реално шоу на локална телевизија.


