Бони Блу, ѕвездата на Онлифанс го става името на бебето на аукција: „Правото ќе го добие тој што ќе понуди најмногу“
Контроверзната ѕвезда на Онлифанс, Бони Блу објави дека е бремена и најави дека планира во бременоста да ги вклучи и своите обожаватели. Најголемо внимание привлече нејзината идеја да го продаде правото за избор на името на детето на оној што ќе понуди најмногу пари, пишува „Јаху“.
Препорачано
Блу, која стана позната по тврдењето дека за еден ден имала односи со 1057 мажи во обид да урне неофицијален рекорд, сега сака името на своето неродено дете да го стави на аукција.
Во разговор за „Ју-ес Викли“ изјави: „Би сакала да го ставам името на детето на аукција, мислам дека тоа би било навистина забавно.“
Додаде дека планира обожавателите да ги вклучи и во други важни моменти од бременоста.
„Мислам дека ќе ги вклучам и во откривањето на полот. Ќе бидат дел од сè“, рече таа.
Блу откри дека првпат се посомневала дека е бремена за време на патување на Тенерифе, кога почнала да чувствува мачнина и силни главоболки.
„Ми се гадеше и имав главоболка, но кога велам главоболка, мислам на силна мигрена“, раскажа таа.
„Одредена храна ми предизвикуваше мачнина, а во исто време имаше и храна што мораше веднаш да ја изедам, инаку ќе ми се слошеше“, додаде.
По одморот, решила да направи тест за бременост. Пред да го види резултатот, признала дека е нервозна, а потоа соопштила дека тестот е позитивен.
„Да, дефинитивно сум бремена“, изјави таа.
Со оглед на тоа што и претходно користела необични начини за самопромоција, во јавноста брзо се појавија сомнежи дали навистина ја зборува вистината. За да ги намали сомнежите, објави и снимки од ултразвучен преглед.
Иако сака да ја сподели бременоста со јавноста, таа нагласи дека ќе постави јасни граници.
„Сакам да бидам внимателна за да не дојде до сексуализација на детето“, рече таа. „Се обидувам да најдам рамнотежа меѓу вклучување на луѓето и избегнување на такви ситуации.“
Додаде дека нејзин приоритет е здравјето на детето: „Како и секоја трудница, тоа ми е најважно. А што се однесува до таткото – тоа е прашање за некој друг ден.“
ФОТО | По контроверзниот предизвик со 400 мажи, ѕвездата на Онлифанс, Бони Блу, откри дека е бремена


