Бони Блу - Фото: Инстаграм/spectrumfmspain

ФОТО | По контроверзниот предизвик со 400 мажи, ѕвездата на Онлифанс, Бони Блу, откри дека е бремена

Тија Билинџер, ѕвезда на Онлифанс, објави дека го чека своето прво дете, што крена голема прашина на социјалните мрежи. Пред веста дека е во блажена состојба, таа организирала предизвик да има небезбеден секс со 400  мажи, па затоа информацијата дека е бремена шокираше многумина, пренесува „Мирор“.

Тија Билинџер, попозната како Бони Блу, направила тест откако неколку дена се чувствувала лошо, а тајмингот се совпаднал токму со нејзината „жешка“ акција за која зборуваше интернетот.

Бони Блу – Фото: Инстаграм/nojumper

Имено, Бони е позната по тоа што претходно исто така имала односи со повеќе од 1.000 мажи за 12 часа, што и самата го потврдила.

Таа тврди дека почнала да се сомнева во бременост за време на престојот на Тенерифе. Раскажала дека ѝ било толку лошо што најчесто лежела во кревет, со мачнини и силна мигрена.

Бони Блу – Фото: Инстаграм/onlybonniebluew

За тоа, во видео на нејзиниот јутјуб-канал, каде што ја следат околу 9.400 луѓе, им се обратила на следбениците:

„Повраќав, ме болеше главата и кога велам главоболка, мислам на сериозна мигрена. Од некоја храна ми се лошеше, а некоја морав веднаш да ја изедам, инаку пак ќе ми се слошеше“, додала Бони и рекла дека ѝ било мачно и при самата помисла на враќање во Велика Британија.

Бони Блу – Фото: Инстаграм/nojumper

По неколку дена престој дома, решила да направи тест за бременост:

„Една линија значи дека сум бремена, ниту една значи дека не сум“, напишала Бони, напоменувајќи дека тестот го прави навечер, а не наутро.

Бони Блу – Фото: Инстаграм/nojumper

По неполни две минути, тестот покажал две линии.

„Половина е розова, половина бела. Изгледа како батак. Луѓе… дефинитивно сум бремена, баш бремена“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот