„Болните од Ковид-19 умираат сами како кучиња, немам повеќе солзи“: Тажна исповед на медицинска сестра од Бергамо

Profimedia

„Секој ден гледам како разнесуваат трупови. Пациентите со коронавирус умираат сами како кучиња. Немам повеќе солзи“. Дојче Веле ја објави приказната на Бугарката Руми Маринова, која работи како медицинска сестра во италијанскиот град Бергамо, пренесува Днес.бг.

„Седам на балконот и ги гледам воените камиони кои превезуваат трупови. Тие ги носат во крематориуми надвор од градот затоа што нема каде да ги држат и да ги закопаат. Тука останува само нивната прашината. Не го вклучувам телевизорот, бидејќи ќерка ми ќе полуди ако гледа ги гледа ваквите снимки. Слушаме амбулантни возила. Тие поминуваат на секој половина час. Ден и ноќ “.

Така започнува приказната на Руми Маринова. Таа е медицинска сестра во Бергамо, која живее во Италија од 1994 година. Но, таа не оди на работа во моментов – ослободена е затоа што нејзината ќерка страда од атрофија на мускулите, а коронавирусот може да биде фатален за неа. Тие се затворени дома веќе трета недела.

Според Руми, голема грешка на Италијанците е што тие не ги презедоа неопходните мерки веднаш и тоа што многу луѓе првично не обрнуваа внимание на предупредувањата.

И така го пренесоа вирусот во цела Италија

„Кога им кажуваа да не го прават ова или она, тие мислеа дека е некаков каприц. Ги затворија училиштата и универзитетите, а студентите одеа во барови, на шопинг, по одмори на југ. Така, тие го носеа коронавирусот низ цела Италија. Се фалеа со фотографии на социјалните мрежи за тоа колку се млади и дека вирусот не може да ги покоси. Но, се покажа дека грешат“, вели Руми, додавајќи:

„Бев шокирана од снимките од камерите во продавниците на кои се гледа како луѓето плукаат по производи. Тоа е криминално! И еве сме – сите сме затворени дома и седиме на балконите. Добро е што имаме балкони“.

Руми оди да пазари еднаш неделно. Таа секогаш носи ракавици и маска, иако не е болна. Иако не оди на работа, помага на општината така што ја поврзуваат по телефон со болни луѓе кои се осамени и имаат потреба од совет и утеха.

На прашањето за работата на лекарите и медицинските сестри кои се на првата линија во борбата против коронавирусот, Руми не може да ги задржи солзите. Многу нејзини колеги, претежно млади луѓе со семејства, се веќе заразени, а некои се дури и во сериозна состојба.

Profimedia

„Тие луѓе во моментот го жртвуваат животот. Тие дури немаат маски. Присилени се сами да ги направат. Сепак, тие продолжуваат да одат на работа. Без да се жалат. Според мене, тие се вистински херои”.

Руми посочува дека една од главните причини за високата стапка на смртност во Италија лежи во следниот спор: дали луѓето треба да бидат веднаш тестирани – или да останат дома сè додека не се манифестираат сите симптоми.

„Но, ако треба да се открие целата слика на болеста, тогаш надежта за заштеда на човекот е многу мала. А како можете од одма да препознаете дали е тој вирус или друг? Без тест? Луѓето умираат сами како кучиња, нивните најблиски дури и не можат да се збогуваат со нив“, вели Руми, додавајќи:

Пред извесно време стотици болници во Италија беа затворени, оставајќи илјадници лекари и медицински сестри без работа. Сега ги бараме, но ги нема. Ова се случи главно заради погрешната политика, заради корупцијата – да се збогатат некои луѓе. Пред неколку дена, Цивилната одбрана на Бергамо направи огромни сали каде беа реанимирани 400 лица. Ги презедоа работите во свои раце затоа што владата забавува. Се прават огромни колони пред болниците, а всушност таму нема можност да бидат примени“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот